Штајнмаер: Германија во пандемијата се соочува со криза на довербата

Пред вториот Велигден со пандемиски ограничувања и со незадоволство од одговорот на владата на кризата, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер предупредува дека неговата земја минува низ „криза на довербата“ и побара народот да се „собере“.

Во говорот, што денеска ќе се емитува, германскиот претседател призна дека „имало грешки“ со тестирањето, дигиталните решенија и вакцинацијата.

-Довербата во демократијата се потпира врз многу кревкото разбирање на граѓаните и државата – ’вие државо изработете го својот дел, јас граѓанинот го правам својот’, рече Штајнмаер, додавајќи дека знае дека „граѓаните го даваат својот дел“ во ова „историска криза“ и дека тие направија многу и се откажаа од многу нешта, па затоа очекува од владата да се “соземе”.

Германскиот претседател кажа и дека земјата преминала од самозадоволство поради пониските стапки на инфекции во раните фази на пандемијата, во денешниот преголем песимизам.

Штајнмаер ги повика граѓаните да се „соберат“ и да го остават настрана „постојаниот бес“ кон другите и надлежните органи.

Тој додаде дека во следните недели ќе дојде до значително зголемување на испораката на вакцини, дека ЕУ ќе ги прошири своите производствени капацитети и дека, покрај големите центри за вакцинација, таа работа ќе ја извршуваат и лекарите од општа пракса.

-Вистина е дека не сме светски шампиони, но исто така не сме и неуспешни, рече Штајнмаер.

Германија, како и ЕУ во целина, заостанува зад САД и Велика Британија во брзината на вакцинирање поради побавната набавка на вакцини и поплаките за прекумерната бирократија

Back to top button
Close