Штајнмaер го одликува Бајден со највисок германски орден за неговите услуги во трансатлантските односи
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го одликува американскиот претседател Џозеф Бајден со највисок германски орден за неговите услуги во трансатлантските односи.
Посетата на Бајден на Берлин, за време на која се очекува да разговара со германските претставници за војната во Украина и ширењето на конфликтот на Блискиот Исток, доаѓа две и пол недели пред претседателските извори во САД, пренесуваат агенциите, оценувајќи дека потенцијалниот реизбор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е причина за загриженост во многу европски држави, како што е Германија, каде односите со САД се влошија за време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година.
„Пред само неколку години, растојанието се зголеми толку многу што за малку ќе се изгубивме еден со друг“, рече Штајнмаер во говорот откако Бајден беше пречекан во Берлин пред претседателската палата со воени почести.
Тој истакна дека кога Бајден бил избран за претседател, тој буквално преку ноќ и ја вратил надежта на Европа во трансатлантскиот сојуз.
„НАТО е незаменлива Алијанса. Така што во следните месеци се надевам дека Европејците ќе запамтат дека Америка ни е неопходна. И се надевам дека Американците се сеќаваат дека им се неопходни сојузници“, рече Штајнмаер.
Бајден рече дека Западот не може да се откаже од Украина, која сега се соочува со мрачна зима, и се заблагодари на Германија за поддршката