Штабот на Трамп ги оспори резултатите во Винсконсин и најави тужба

Изборниот штаб на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги оспори резултатите од гласањето на претседателските избори во сојузната држава Висконсин и најави тужба пред Врховниот суд, откако гувернерот на Висконсин, Тони Еверс вчера ја сертифицира победата на Џо Бјаден во таа држава.

– Во денешната тужба вклучивме четири случаи со јасни докази за незаконитостите, како што е нелегално корегирање на гласачките коверти на лицата кои не се појавиле на гласачките места, присвојување на нерегуларни ливчиња и одржување на илегални избирачки собири наречени „Демократија во парк, се наведува во соопштението од штабот на Трамп.

Тоа е уште еден од низата судски постапки покренати од правниот тим на Трамп поради наводни изборни неправилности на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември, на кои, според официјалните резултати победи кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден.

Back to top button
Close