Штекли добил психијатриско мислење дека не е способен да ги следи судењата

Судењето против Раде Трајковски-Штекли и уште 9 лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август.
Судијатата Илија Трпков информираше дека добил допис дека Штекли утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што требало итно да биде пренесен во Клиничкиот центар. Тој прво го презакажа рочиштето за подоцна, но откако доби информација од затворот дека Трајковски се уште не е однесен во болница, бидејќи се чњка асистенција од МВР, го одложи рочиштето и го закажа за 7 август.
По одложувањето, обвинителката Верица Бержецка Крстева информираше дека во меѓувреме Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да ги следи судењата. Обвинителката рече дека и Јавното обвинителство ќе направи вештачење по таа околност и ќе бара подготвително рочиште за да се соочат вештачењата.
Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против 10 лица за продажба на дрога, главно во скопската населба Аеродром.
Истрагата траеше речиси една година и вклучуваше посебни