Штерјова од ХОПС: Целта е граѓаните да имаат олеснет, легален и поевтин пристап до канабисот

„Со задоволство можам да кажам пред јавноста дека, за прв пат во Македонија, заедно со доносителите на одлуки, заедно со сите експерти сме собрани на едно место да може отворено и да речам со приближени ставови да разговараме. Ставовите на Граѓанскиот сектор многу пати ги искажавме и преку операција ослободување, секоја од организациите нели посебно, дека наша главна и примерна цел е, интересите на граѓаните. Значи, да имаат граѓаните олеснет, легален и не скап пристап…Меѓутоа да биде олеснет и да може да се користи за состојбите здравствени или за целта за која ја употребуваат“- изјави Хајди Штерјова од ХОПС во интервјуто за Утрински брифинг.

Штерјова е член на работната група за легализација на канабисот и смета дека концептот ќе предвидува тргање на репресивните мерки, со воведување на социјално- здравствени и економски мерки.

„Бидејќи, нели во јавноста циркулираат неколку изрази, декриминализација, депенализација, легализација, секое од тие изрази си има свое значење. Меѓутоа, концептот на декриминализација значи, декриминализација не значи само бришење или менување на одредбите во кривичните закони, тоа претставува на некој начин како модел или концепт на политика на една држава којашто ќе подразбира освен тргање на репресивните мерки, воведување на здравствено социјални и економски мерки, што ќе олеснат легална достапност на возрасните луѓе до канабисот“- изјави Хајди Штерјова .

Back to top button
Close