Штипјанец крадел на скопските клиники – ја нападнал вработената која го затекнала при кражбата

Штипјанец ограбил вработена на скопските клиники. Откако се обидела да го спречи, тој ја нападнал.

– На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип. Околу 13:55 часот во просторија за вработените на една од клиниките тој одзел паричник и други предмети од вработената Т.Д.(56) од Скопје, која го затекнала во просторијата, а откако се обидела да го спречи во намерата, физички ја нападнал, информираа денеска за инцидентот од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок

Back to top button
Close