Штипјанец правел „онлајн пазар“ со фотокопирани учебници за четврто одделение

Триесет и седумгодишен штипјанец повикан во полициска станица оти „правел пазар“ на социјалните мрежи, па продавал фотокопирани учебници за четврто одделениe, објави Канал5.

По колку пари се обидел да ги продаде не се знае, ама полицајци „прошетале“ низ фотокопирниците во Штип и ги одземале сите фотокопии за четврто одделение – 20 комплети од по 6 учебници, што штипјанецот ги нудел за продажба на „фејсбук“. Тој се сомничи за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.

Од МВР велат дека ќе се постапува по сите пријави, а ова го потврдува и Министерката за образование и наука Мила Царовска. Според неа, просветниот Инспекторат спроведува редовни инспекции, но, досега не наишле на фотокопирани или оригинални дигитални книги што ги купиле учениците за четврто одделение.

Царовскa вели дека досега се испечатени 20 отсто од вкупниот потребен тираж за оние ученици кои немаат услови да следат дигитална настава.

Back to top button
Close