Штипјанка во самоодбрана со нож го прободела 71-годишниот сопруг
Жена вчеравечер го прободела седумдесет и едногодишниот сопруг со нож.
Вчера пред полноќ, во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг. Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет.
Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата