Што им одговори МВР на 360Степени, зошто привремено го затвори испитниот центар во Битола, бизнис кој му го даде на функционер од ВМРО ДПМНЕ
Министерството за внатрешни работи направило инспекција во битолски „Супер возач“ при што било утврдено дека Испитниот центар не поседува соодветна документација за потребниот стручен кадар и возила, а фирмата не водела и уредна еведенција
Истата институција, МВР, пред само три месеци и издаде лиценца на „Супер возач“, со заклучок дека ги исполнува условите да биде Испитен центар за полагање на возачки испити во Пелагонискиот регион за следните пет години. Газда на „Супер возач“ е кичевска фирма чиј сопственик, пак, е локален функционер на ВМРО-ДПМНЕ
Министерството за внатрешни работи (МВР) и официјално потврди за „360 степени“ дека битолскиот сообраќаен испитен центар „Супер возач“ добил забрана за работа од 30 дена. Во одговорот, од МВР ги објаснуваат и причините зошто кандидатите за прва возачка дозвола или за дополнителна категорија во Пелагонискиот регион, нема да може да полагаат најмалку до 13 септември годинава.
Има три основи за забраната која следува по спроведена инспекција.
„При надзорот не е приложена комплетна документација за исполнување на условите во однос на потребниот стручен кадар согласно член 246 од истоимениот закон (За безбедност на сообраќајот на патиштата н.з.), потребната документација за возилата кои треба да ги поседува за спроведување на практичниот дел од возачкиот испит согласно член 248 како и водење на неуредна евиденција согласно член 42 од Правилник за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар (Службен весник на РСМ бр.29/2025)“,одгорија од МВР за „360 степени“.
Во одговорот се наведува и дека „Супер возач“ има рок од 30 дена да ги острани недостатоците. Ако се прочитаат законските и подзаконските акти на кои се повикуваат од полицијата во одговорот до „360 степени“, пак, станува јасно дека е можно и одземање на лиценцата за испитен центар за „Супер возач“. Така предвидува законот, ако испитниот центар не успее да ги отстрани забелешките во дадениот рок од 30 дена
Повеќе на 360 мк