Што изгласаа, а се криеше од вас: Не се „мигранти“, туку „работници“ за стратешки проекти – Ќе можат ли да дојдат и криминалци и осудувани лица?, пренесува Инфомакс

Со ова законско решение се определуваат условите под кои странските државјани можат да престојуваат и работат во Македонија.
Во измените на Законот за странци усвоен во Собранието, се наведува дека може, за стратешките проекти кои се реализираат врз основа на посебен закон, да биде дозволен престој на странски државјани кои работат на тие проекти, додава Инфомакс.
Во старото законско решение, членот 83 предвидуваше дека:
Член 83
(1) Привремен престој заради работа ќе се одобри врз основа на барање на странецот, правното лице со кое странецот треба да склучи договор за вработување или од него овластен претставник, кое може да се поднесе и во Министерството за внатрешни работи.
(2) Привремен престој заради работа ќе се одобри ако Агенцијата издаде позитивно мислење дека странецот ги исполнува условите согласно со закон, доколку со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.
(3) Мислењето од ставот (2) на овој член, Министерството за внатрешни работи го обезбедува по службена должност согласно со закон.

Во новото законско решение, донесено од Собранието на Република Македонија, се додава нов член, „83-а“, со кој дозвола се добива и врз основа на ангажираност за работа на стратешки проекти.

Со овие измени се менува и потребата за докажување на неосудуваност на работниците кои би дошле да работат на стратешки проекти во државава и се укинува потребата странецот да има средства за престој, односно, се имплицира дека државата ќе му обезбеди средства.






