Што ме научи Тејлор Свифт за фашизмот

Еден од проблемите со користењето на зборот фашизам денес, особено во САД, е тоа што е тешко нашата слика за политика (политика на државна контрола на сè) а се поврзе со сегашната политика на бес, насочена кон M&M, Barbie, и Тејлор Свифт. Како може фашизмот да биде толку тривијален и толку ситничав? Цел куп експерти и широки маси луѓе неверојатно се лутат поради кастинзи на филмовите и колку пати фудбалските натпревари биле прекинати со приказ од Тејлор Свифт. Проширениот универзум на Фокс Њуз наоѓа негативци насекаде во секоја библиотека или различни суперхерои. Во обид тоа да го поврзат со формирање на авторитарна држава.

Токму поради оваа причина (меѓу другите) „Доцниот фашизам“ на Алберто Тоскано е толку важна книга. Според него фашизмот треба да се сфати како некаква дозвола, оправдување на насилството и гневот и задоволство во тоа оправдување. Мораме да се откажеме од цртаната слика за фашизмот како централизирана и универзална доминација и да ја гледаме не само како нецелосно прогонство, нерамномерно применето, туку и прогон на едни заедно со дозволата за прогон на други.

Фашизмот за расистите, сексистите и хомофобите е ослободување за конечно да ги кажат и да постапуваат според своите желби. Како што тврди Тоскано, „…она на што треба да се задржиме за да ги согледаме фашистичките потенцијали во антидржавната држава се оние субјективни вложувања во натурализацијата на насилната доминација која оди заедно со промовирањето на посесивните и расистичките сфаќања за слободата. Овде треба да размислуваме не само за фактот дека неолиберализмот функционира преку „расната“ држава, односно тој е обликуван од расистички и цивилизациски имагинариум кој одлучува кој е способен за пазарни слободи.

Тоскано се фокусира на расата, но истото се однесува и на сексизмот, хомофобијата итн., за спроведување и одржување на која било од старите хиерархии. Тоскано ја цитира Марија Антониета Макиоки „Не можете да зборувате за фашизмот освен ако не сте подготвени да разговарате и за патријархатот.“ Во овој момент фашизмот не звучи премногу различно од класичниот конзерватизам, особено ако ја земете дефиницијата за последното да биде следново:

„Конзервативизмот се состои точно од следново: Мора во системот да има групи кои законот ги штити, но не ги обврзува, покрај групи кои законот ги обврзува, но не ги штити“. Сепак, она што Тоскано го нагласува е либидиналното задоволство што доаѓа со ова, не е само прашање кој е обврзан, а кој не; кој е заштитен а кој не, туку во задоволството што го носи таквото исклучување, задоволство што се шири и се префрла врз масите.

Додека конзервативните хиерархии и асиметрии минуваа низ светите институции на државата и судовите, фашистичките пратеници излегуваат на улиците или влегуваат во виртуелните улични тепачки на социјалните мрежи. Како што тврди Тоскано, спротивставувајќи ги забелешките на Фуко за сексуалната политика на фашизмот во седумдесеттите со анализата на Гатари,

За Фуко, до точката до која постои еротизација на моќта под нацизмот, таа е условена од логиката на делегирање, и децентрализација во форма и содржина како вертикален, исклучувачки и убиствен вид на моќ.
Фашизмот не е само апотеоза на водачот над масите следбеници; туку е, исто така, на помалку спектакуларен, но можеби поконсеквентен начин, повторното откривање на логиката на ситниот суверенитет, условена, но многу реално „либерализација“ и „приватизација“ на монополот на насилство.

Увидот на Фуко во „еротиката“ на моќта заснована на пренесување на насилството (во смисла овластување на група да перпетуира насилство м.з.) е поплодна рамка, — „пренос на моќ“ на „специфична наргина на масите“ што Фуко го дијагностицираше како суштествен за фашизмот.

Мислам дека анализата на Тоскано лоцира важна нишка што се протега низ дискусиите за фашизмот од Бенјамин до Фуко (и пошироко). Како што пишува Бенјамин во есејот „Уметничко дело“.

„Сè поголемата пролетеризација на современиот човек и зголеменото формирање на маси се два аспекта на истиот процес. Фашизмот се обидува да ги организира новосоздадените пролетерски маси без да влијае на структурата на сопственоста што масите се стремат да ја елиминираат. Фашизмот го гледа својот спас во тоа што на овие маси не им се дава право, туку шанса да се изразат. Масите имаат право да ги менуваат односите на сопственост, Но фашизмот се обидува да им даде израз притоа зачувувајќи си ја сопственоста. Логичниот резултат на фашизмот е воведувањето на естетиката во политичкиот живот“.

Денес би можеле да кажеме дека правото на изразување вклучува делегирање на моќ и задоволство при нејзиното реализирање. Во капиталистичкото општество во кое материјалните услови за постоење мора да припаѓаат на капиталистичката класа, единственото нешто што може да се предаде на масите е моќта и задоволството да доминираат врз другите. Плати продолжуваат да опаѓаат, но фашизмот во нуди „плата“ во форма на доминација на белците, мажите, цис луѓето итн.дозволувајќи не материјална контрола врз псотоењето туку либидинално вложување во придобивките од нечиј идентитет.

Сето тоа ме доведува до Тејлор Свифт.
Гледав со забава и ужас како рабовите на проширениот универзум на Фокс њуз откачија за тоа дека Тејлор Свифт присуствува на фудбалски натпревари и, повремено, се појавуваше на телевизиjа како гледа и ужива во игрите.

Мислам дека тоа е интересен пример за формата на микрофашизам кој ја одржува и овозможува тенденцијата на движење кон макрофашизам. Тука вреди да се забележат три работи, прво, повеќето од теориите на заговор за Свифт не се засноваат на работи што таа всушност ги направила, туку што би можела да направи, како на пример да го поддржи Бајден, неговата кампања итн.

Мислам дека ова треба да се гледа како мутација на теориите на заговор од реалните акции или настани, до замислен можен ефект. Една од асиметриите на современата моќ е третирањето на фантазиите или параноичните стравови на една група како повалидни од реалните услови и доминација на друга група.

Второ, и да бидеме малку подијалектички, стравот од Свифт – однoсно дека вистинскиот противник на Трамп во срцата и умовите, да не зборуваме за огромните собири, не е Бајден туку Свифт.

И за крај, всушност ова заслужува посебен текст, дел од гневот поради тоа што Свифт е го гледа натпреварот потсетува на теоријата на Кејт Ман за мизогинија, во чија суштина е да ги задржи жените на нивно место. Претпоставувам дека многу од мажите кои се противат што ја гледаат Свифт на натпреварот не се противат на снимките од навивачките за време на истиот натпревар. Не предизвикува лутина гледањето жени за време на играта, туку гледањето на една надвор од „нејзиното место“ – која ужива додека го гледа натпреварот, а не е таму за нивно уживање.

Порано, кога стануваше збор за темата на фашизмот, следев прилично вулгарна материјалистичка линија. Дајте им на луѓето, што значи на работниците, вистинска контрола врз нивната работа, нивните животи и привлечноста на спектаклот на фашистичката моќ ќе исчезне. Тоа беше едноставно прашање на поседување вистинска моќ наспроти наводна. Се повеќе се чини дека тој став ги занемарува задоволствата што денешниот масовен медиумски фашизам ги овозможува.

Тешко е да се замисли политика која би можела да се спротивстави на ова, а притоа не би била политика на афект, на имагинација и на желби. Либидиналната економија и микрополитиката на желбата се помалку се чинат како некаква теориска реликвија, а се повеќе како неопходни услови за размислување низ испреплетените мрежи на желба и огорченост што го сочинуваат пресекот на културата, медиумите и политиката.

Мислам дека едно од актуелните прашања во моментот е признавањето дека сета оваа евтина политики на поплаки на популарната култура треба да се сфати сериозно како афективна преткомора на фашизмот, а во исто време да не се прифаќа по нејзините услови; нема навистина што да се добие на собири за одбрана на корпорациите и милијардерите.

Џејсон Рид
извор: criticallegalthinking
превод: Лени Фрчкоска

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close