Што му ветиле на Ахмети Вучиќ и Рама во Охрид

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето интервју за приштинската Т7 објави што разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама во рамките на самитот на Отворен Балкан што се одржа пред две недели во Охрид.

– На средбата му кажав на Еди Рама и на Александар Вучиќ, но и на преставникот на Црна Гора вие сте носители на овој процес (Отворен Балкан), што сакате да постигнете. И јас сакам да им се стави крај на колоните и чекањата по границите. Ова е еден процес што оди во насока на помирување на Западен Балкан. До Втората Светска Војна, беа верски војни. Војната што му даде крај на мирот беше Првата светска Војна. Ако сте влегле во овој пат за да ја завршите војната, јас сум пред вас во иницијативата. Бидејќи јас вака го разбирам процесот, изјави Ахмети.

Според него едиствениот пат што носи напредок е патот на мирот и за ова треба да се разговара со Србија.

– Го кажа ова пред Вучиќ. Ми одговори ’господине Ахмети, искажавте умерени зборови. Резултатите ќе ги видиш по една година’. Му се обратив и на Еди. Ми кажа нема што да додавам. Јас ова го разбирам како историска мисија за помирување меѓу Србите и Албанците. Во вековно и бескрајно непријателство не се живее. Србија е наш сосед, соседот не може да се бира. Ниту 50 километри не се оддалечени од нас, нагласи Ахмети.

Back to top button
Close