Што претставува фемицидот?

Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.

Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  и #WomenSupportingWomen како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција, а целта е подигнување на свеста за ектремно високите стапки на фемицид во земјата, по убиството на 27 годишната студентка Pinar Gültekin. Идејата зад црно-белите фотографии е акцентирање на страшниот факт дека родово базираното насилство и неговата најектремна форма – фемицидот, е присутен насекаде околу нас и секоја жена може да биде жртва.

На Инстаграм можат да се најдат над 5 милиони црно-бели фотографии под овој хаштаг, но не сите зборуваат за целта на оваа капања. Затоа, да се информираме за оваа форма на насилство и да се вклучиме во борбата против фемицидот.

Фемицидот се состои од насилни акти кои можат да бидат: емоционална и психолошка злоупотреба, тепање, навреди, тортура, силување, проституција, сексуално малтретирање, злоупотреба на деца, инфантицид (убиство на деца, посебно на новороденчиња) на девојчиња, осакатување на гениталии, семејно насилство, итн. Како резултат на ширење (на фемицидот), актот оди подалекува од самиот чин на убиство. Исто така претставува збир на дела кои можат да доведат во зависност од околностите и до акт на убивање. Тогаш станува не само правен термин, туку и политички.

Самиот термин „фемицид“ е ново создадена теориска конструкција како резултат на обемна и исцрпна работа на феминистичката академија, во сооднос со процесот на пријавување и видливост на феноменот што доаѓа директно со феминистичкото движење, од страна на роднините на жртвите и активист(к)ите за човекови права. Концептот е претставен во деведесеттите години од страна на англосаксонските феминистки. Иако “femicide”, тврди Дајана Расел бил во употреба повеќе од два века и за прв пат се појавува во литературата, во Сатиричен поглед на Лондон (Англија 1801), за да се опише „убиството на една жена“. Расел теоретизира за концептот од 1990, но го дала своето видување за овој облик на екстремно насилство врз жените уште во 1976, пред Првиот меѓународен суд за кривични дела против жените, одржан во Брисел.  Судот е свечено отворен од Симон де Бовоар, која предупреди: „овој феминистички собир во Брисел има за цел да се погрижи за судбината која е во наши раце.“ Околу 2000 жени од 40 земји го понудија своето сведоштво и ги документираа различните начини на кои се отсликува родовото насилство.

Дајана Расел и Џејн Капути го отсликале терминот во статијата Говорејќи го неизговореното, првично објавен во списанието Ms (1990): „тоа е убиството на жени извршено од мажи мотивирани од омраза, презир, задоволство или чувство на сопственост на жените“. Во 1992, Дајана Расел и Џил Радфорд го дефинираат како „мизогино убиство врз жените извршено од мажи“. Авторките ги дефинираат различните форми на родово насилство што го претрпеле жените и што се манифестира со зголемен сексуален тероризам. Истакнуваат дека овие насилни дела што завршуваат со убиство или смрт на жените се фемициди:

Фемицидот претставува екстремен континуитет на анти-женски терор вклучувајќи широк обем на вербални и физички злоупотреби, како: силување, мачење, сексуално ропство, инцестуозни или многу-блиско семејни злоупотреби на деца, физичко и емоционално мачење, сексуално вознемирување (преку телефон, на улица, во канцеларија и во училница), осакатување на гениталиите (клиторидектомии, ексцизија, инфибулации), непотребни гинеколошки операции (хистеректомии), присилена хетеросексуалност, присилна стерилизација, присилено мајчинство (поради криминализацијата на контрацепцијата и абортусот), психохирургија, отрфрлање на храна за жени во некои култури, пластична хирургија и други осакатувања во име на убавината. Секогаш кога овие форми на тероризам резултираат со смрт, тие стануваат фемициди.

Авторките тврдат дека целта на остварувањето на насилството од страна на мажите, намерно или не, е да се зачува машката надмоќност. Се работи за еден политички концепт кој ја прави видлива позицијата на подреденост, нееднаквост, маргиналност и ризик во кој жените се наоѓаат само поради тоа што се жени.

Извор: https://lecturalacaniana.com.ar/que-es-el-femicidio/

превод: Медуза

Back to top button
Close