Што се случува во нашето тело при екстремен студ?

Температурата на телото од 36,5 до 37 Целзиусови степени е идеална за нас луѓето. Ние функционираме најдобро во овие услови. Нашиот метаболизам и сите наши органи зависат од оваа оптимална температура, а нашето тело прави се за да ја одржи.

Меѓутоа, нашето тело успева во тоа само до одреден степен, и тоа не секогаш и во сите услови. Имено, повеќе од пет милиони луѓе годишно умираат поради (прекумерна) топлина или студ.

 

Метаболизмот ја регулира телесната температура

Со помош на таканаречените рецептори, нашето тело мери дали телото ја има „вистинската“ температура или не.Ако температурата значително падне, тогаш телото се обидува да го активира метаболизмот за да ја одржи рамнотежата во организмот.

Нашиот метаболизам нè снабдува со сите потребни хранливи материи. Тој се грижи храната да се разложи, да се трансформира, нашите клетки навистина да ги искористат сите овие неопходни хранливи материи. Покрај тоа, метаболизмот буквално го загрева телото. Имено, тој произведува енергија и на тој начин ја регулира телесната температура. Циркулацијата на крвта игра важна улога во овој процес.

Имајќи предвид дека крвните садови се стеснуваат на студ, јасно е дека во овие услови не може да се транспортира доволно крв низ садовите. А кога нема доволно крв, тоа значи дека има помала циркулација во екстремитетите како прсти, нос, уши. Затоа чувствуваме болка во ткивото намногу ниски температури. Ако температурата продолжи да опаѓа, на ред доаѓаат виталните органи: срцето, белите дробови, мозокот. Во овие услови, тие веќе не функционираат со полна сила, туку само – во ограничен обем.

Ако температурата на телото отстапува само два степени од идеалната норма, се јавува хипотермија. А, за да се заштити од неа, нашето тело работи уште поинтензивно. Мускулите се активираат. Трепериме по целото тело.

 

Треперењето е добар знак

На телесна температура од 32 степени, треперењето престанува. Но, тоа не е добар знак. Едноставно, телото веќе нема доволно енергија, ниту да трепери. Нашиот мозок и нервните клетки веќе воопшто не дистрибуираат никакви сигнали, тоа е ситуација кога не ги „чувствуваме“ рацете или нозете.

Во таа фаза болката се намалува, но едвај се движиме. Не можеме ни да зборуваме. Не можеме ни да размислуваме, збунети сме, сè повеќе дезориентирани. Телото го активира режимот „заштеда“, кога ќе препознае дека е вонредна ситуација. Но понекогаш дури и тој режим едноставно престанува да функционира.

 

Што помага против хипотермија?

При екстремни температури, треба да го заштитиме нашето тело што е можно повеќе. И тоа започнува со соодветна, топла облека. На пример, шалови и капи, ракавици и топли, дебели чорапи. Јасно е дека треба да се подготвиме за ситуација во која сме изложени на екстремен студ долго време, а тоа значи дека при рака треба да се има и ќебе во случај на итност или некои други помагала кои можат да го загреат телото, на пример рацете или прстите.

Класичен симптом на хипотермија е ситуација во која повеќе не го чувствуваме носот, ушите, прстите или нозете. Овие делови од телото не треба да се загреваат со помош на термофор, тоа навистина не е добра идеја. Имено, кога телото се загрева премногу брзо, може да се оштетат преладените жили. Наместо термофор, подобро е да користите топла вода, за полека да ги „одмрзнете“ прстите или прстите.

А, оние кои мислат дека сопственото тело може да се загреат со малку алкохол – многу се лажат. На почетокот, алкохолот може да даде чувство дека внатре во телото навистина чувствуваме пријатна топлина. Но, алкохолот ги шири крвните садови. Студот ги стеснува, со цел да се намали загубата на топлина во телото. Поради овие две крајности, луѓето често погрешно проценуваат што им се случува. Чувствуваат дека кожата им е топла, но на телото му е многу ладно.(dw)

 

Белата смрт“

Кога температурата на телото паѓа под 29,5 степени Целзиусови, големиот мозок престанува да работи. Ја губиме свеста. Нашето срце работи сè помалку: наместо 60 отчукувања во минута, чука само еднаш или двапати. Крвта повеќе не може да циркулира низ телото доволно брзо, а тоа значи дека засегнатото лице е речиси сигурно дека ќе замрзне до смрт. Тоа е она што вообичаено се нарекува „бела смрт“, губење на живот во услови на екстремен студ (dw)

Back to top button
Close