Што стана со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година

Што е со Центарот за изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешната Градска болница)? Ова прашање предпладнево беше упатено и до претседателката Гордана Силјановска-Давкова при нејзината посета на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“, но таа не знаеше за судбината на овој Центар. „Јас не сум доктор“, рече таа додавајќи дека, сепак, ќе се информира.

Последната информација за овој Центар што може да се најде на интернет е од август минатата година во прилот на МРТ, при што се вели дека пациентите со изгореници се третираат на Клиниката за пластична хирургија и во старата Градска болница во Скопје.

 

Во државата нема Центар за изгореници, иако тоа го имало по сите стандарди пред 24 години, во поранешната Воена болница, но откако во дел од болницата почнала со работа приватна здравствена установа (станува збор за кардиохирургијата „Филип Втори“), граѓаните го изгубиле Центарот за изгореници.

 

Подоцна, благодарејќи на напорите на некои лекари, во 2000 година беше основан е нов Центар за изгореници кој беше сместен во старата Градска болница во Скопје, а сега Универзитетска клиника за хируршки болести. Но, и тој беше затворен откако почна реконструкцијата на оваа болница.

 

Интересно е што Центарот за изгореници фигурира на официјалата интернет страница на клиниката „Свети Наум Охридски“, но опоследните податоци се за 2015 година.

 

 

На интернет страницата на универзитетската клиника за хируршки болести сѐ уште има фотографии од Центарот за изгореници

„Центар за изгореници (ЦЗИ) е отворен во 2000 год. за третман на екстензивни и длабоки изгореница од целата република и регионот. До 2015 год. лекувани се 1.000 пациенти и тоа просечно 70 пациенти годишно. ЦЗИ е опремен со специјални воздушни кревети и е одделен со посебен влез.

 

Центарот дава услуги од секундарен и терцијарен вид, амбулантско поликлинички услуги, со еднодневна хирургија и со болнички дел.

Центарот за изгореници третира пациенти со екстензивни изгореници со различна длабочина, како и секвели од изгореници, третман на лузни, контрактури и др.“, се вели на интернет страницата на УК за хируршки болести (nezavisen.mk)

Повеќе

Back to top button
Close