Што стои зад првиот воен конфликт во 45 години меѓу двете најнаселени држави во светот?

 

Гардијан – Лондон

На границата меѓу Индија и Кина на 18 јуни настана конфликт помеѓу војниците на двете земји, нуклеарни сили што заедно сочинуваат една третина од светското население. Имаа престрелка што резултираше со смрт на најмалку 20 индиски војници.

Наводно има и жртви од кинеската страна, но Кина не го потврди тоа. Воени службеници од обете страни се состанаа заради „смирување на ситуацијата“.

Иако и двете војски на границата располагаа со тешко оружје, вклучувајќи и тенкови, двете држави тврдат дека не е испукан ниту еден истрел. Војниците наводно се судриле само со тупаници, палки и камења. Но и тоа е доволно.

Додека Индија е често во конфликт со западниот сосед, Пакистан, поради што двете држави водеа четири војни и вооружени конфликти (последниот се случи минатата година), границата меѓу Индија и Кина беше многу помирна.

Кина и Индија, војуваа само една војна, во 1962 година, во која Индија беше тешко поразена. Ова е прв смртоносен судир меѓу двете држави од 1975 година и најголем од 1967 година.

Територија оспорувана од Индија, Кина на исток и Пакистан на запад
Што се случи?

Кина ја обвинува Индија дека нејзините војници два пати ја преминале границата, провоцирајќи и напаѓајќи кинески војници. Меѓутоа се работи за територија поради која овие две големи земји спорат со децении, ретко населена планинска област наречена Ладах, инаку дел од Кашмир, регион околу кој се наоѓаат Индија, Пакистан и Кина. Затоа, ова е една од најпознатите геополитички нестабилни области во светот. Главната причина е што и Индија и Кина ја гледаат територијата за која се расправаат како стратешки важна, како воено, така и од економски план.

Тензиите меѓу Кина и Индија започнаа да растат во последните неколку месеци, како што пишува Би-Би-Си, поради изградбата на нов пат во Индија за „линија на вистинска контрола“, што ниту една земја не ја признава како вистинска граница, туку служи како линија за привремена демаркација.
Индија изгради пат, Кина започна да акумулира сили

Овој потег ја налути Кина, па сами започнаа да градат инфраструктура и да привлекуваат сили од својата страна на линијата за демаркација. Заедно со илјадници кинески војници, на спорната територија се појавија артилерија и тенкови. Кинеските сили, исто така, започнаа да влегуваат во долината Галван, што е дел од територијата под контрола на Индија. Според тоа, конфликтот стана веројатен, ако не и неизбежен.

Аналитичарите истакнаа дека кинеската Влада, што досега била доста агресивна во градењето на инфраструктурата на спорната територија, е нервоза затоа што сака да ги запре индиските обиди за надградба на сопствената воена инфраструктура во областа и со тоа да се изедначи балансот на моќта.
Последниот предизвикувач беше средбата на индиската гранична контрола и кинеските сили на тесниот гребен.

Се разбира, ако овој конфликт не заврши навреме и преговорите за смирување на ситуацијата не успеат, ескалацијата би можела да биде многу опасна. Но, слични разговори за демаркација веќе не успеаја.

„Ова е екстремно, крајно сериозно, ова ќе го расипе секој дијалог што се води“, коментира поранешниот индиски воен командант на ДС Худ.

Back to top button
Close