Штрајк на продавачите и производителите на пазарите во Грција

Намалување на трошоците за производство, укинување на паушалниот начин на оданочување, итно повлекување на дополнителниот данок, се дел од барањата на продавачите и производителите на пазарите низ цела Грција, кои од денеска започнаа штрајк на неодредено време, по заедничка одлука на нивните федерации, јави дописничката на МИА од Атина.

Од федерациите велат дека немале друг избор освен да започнат штрајк, објаснувајќи дека иако производителите и земјоделците своите производи ги пласираат по ниска цена, политиките што се применуваат го зголемуваат трошокот во секоја фаза од дистрибуцијата.

-Националниот штрајк на неодредено време испраќа порака во сите насоки. Пазарите ги поддржуваат домаќинствата, земјоделците и потрошувачите. Нема да дозволиме да станат жртви на политики што водат кон монополизација на пазарот, изобличување на цените и девалвација на примарниот сектор“, соопштија од федерациите.

Со штрајкот, сите пазари во Грција, од денеска се затворени на неодредено време.

Back to top button
Close