Штрајкуваат вработените во Македонска пошта, една од причините е доцнење на платата

Вработените во Македонска пошта денеска штрајкуваат пред компанијата, а според информациите излезени се двата синдикати на Македонска пошта, а причините како што велат се многубројни.

-Поводот е доцнењето на платата, но не само тоа, туку нашиот револт е поради стравување за нашите работни места, поради лошата финансиска состојба на нашата компанија. Сакаме револтот да го изразиме преку овој протест и поради многу лоши услови за работа, а најмногу поради неизвесноста на вработените за иднината на компанијата, односно дали ќе се приватизира или владата и менаџерскиот тим ќе изнајдат начин за компанијата да излезе од оваа ситуација, вели еден од организраторите на штрајкот.

Директорот на Македонска пошта Јани Макрадули за ТВ21  најавил изјава по средбата со штрајкувачите.

Back to top button
Close