Штрасер нов селектор на Луксембург
Луксембуржанецот Џеф Штрасер е назначен денеска за нов селектор на фудбалската репрезентација на Луксембург.
Педесетгодишниот Штрасер ги носеше дресовите на француските клубови Мец и Стразбур, како и на германските тимови Кајзерслаутерн и Борусија Менхенгладбах, а по завршувањето на фудбалската кариера главно работеше како тренер во својата татковина.
Штрасер доаѓа на местото на сонародникот Лук Холц, кој поднесе оставка минатата недела и го презеде германскиот третолигаш Манхајм.
Штрасер ќе дебитира на клупата на Луксембург на 4 септември против Северна Ирска во мундијалските квалификации, додека три дена подоцна Луксембург го очекува натпревар со Словачка.