Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за Ромите го открива вистинското лице на власта,

„Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало ‘на сила да бидат иселени’? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите”, реагира Шукова.
Кандидатката за градоначалник Шукова истакнува дека Ангелов и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница.
„Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање”, наведе Шукова.
Власта е неспособна и шири ароганција и гнев поради сопствените неуспеси.
„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок”, наведе Шукова.