Шукова: Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите

Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите.

 

Затоа, како градоначалник имам јасен план за младински хабови, современи урбани простори, каде младите добиваат директен пристап до компании, обуки, ментори и финансиска поддршка за нивните идеи. Младински центри, младински хабови по примерот на големите светски метрополи, изјави кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.

Според неа, град Скопје отвора младински хабови што би ги поврзале младите со компаниите што бараат луѓе за работа. Во нив би се одржувале обуки и тестирања за насочување на младите, за правилен избор на средно и високо образование, а би соработувале и со Агенцијата за вработување и Фондот за иновации и технолошки развој.

-Овие центри ќе овозможуваат и скромна финансиска поддршка на бизнис плановите на нивните посетитили, но ќе служат и како врска меѓу младите и инвеститорите за ослеснување на патот за успеси во бизнисот. Во овие центри обезбедуваме и поврзување со компании што бараат нов кадар, советување за избор на образование и кариера, обуки за дигитални вештини, претприемништво и личен развој, финансиска и менторска поддршка за млади претприемачи, подвлече Шукова.

Додаде дека се планира изградба на катна гаража „Беко“, слободно комерцијално-деловно простории во објектот „Воена кула“ кај нова железничка во Аеродром, приземје и сутерен, простории во сопственост на градот.

-Имаме решение и за подобра социјална поддршка преку градскиот ваучер „Скопје за сите“, годишен пакет што нуди бесплатен превоз, пристап до Зоолошката градина, Музеј, библиотеки и културно активности, како и субвенции за паркинг и спорт. Ваучерот е наменет за младите, семејствата со пониски приходи, пензионерите и лицата со попреченост, рече Шукова.

Во образованието посочи дека ќе се вложува во реновирање и современо опремување на училиштата, дополнителни програми по учење и зголемена поддршка на младинксите проекти за 300 отсто.

-Имаме план за мрежа на младински центри, нова гимназија во Аеродром, како и за дигитализација на наставата и фонд за стипендии за спортисти и талентирани ученици, рече на крајот Каја Шукова, кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата.

Таа смета дека со овие мерки Скопје создава основа за град што ги задржува младите, отвора квалитетни работни места и вложува во знаење и иднина.

Back to top button
Close