Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош, се вели во соопштението од СДСМ.

„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојсова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.

Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.

„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“

Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:

„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“

Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.

„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите“ – изјави Шукова.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close