Шукова-Не успеавме, резултатот не е оној што го посакувавме , водевме чесна кампања
Шукова им заблагодари на граѓаните што излегле на гласање, а на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посака фер, достоинствен и демократски натпревар.
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, им се заблагодари на граѓаните што излегле на гласање, а на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посака фер, достоинствен и демократски натпревар
Резултатот не е оној што го посакувавме, но сепак горда сум на кампањата што ја водевме, чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје – порача кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, која не освои доволно гласови за влез во вториот изборен круг.
Шукова им заблагодари на граѓаните што излегле на гласање, а на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг им посака фер, достоинствен и демократски натпревар„Му благодарам на мојот тим, на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Во овој изборен процес покажавме дека заедно можеме да градиме политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи. Без разлика на изборниот резултат, јас ќе продолжам да работам за јавниот интерес и за вредностите во кои верувам со истата одговорност и посветеност“, порача Шукова во објава на социјалните мрежи.
Според 99,95 отсто обработени гласови од првиот круг од изборите, кандидатката на СДСМ за Град Скопје, Каја Шукова, има освоено 11,50 проценти од вкупниот број избирачи кои гласале. Во апсолутни бројки тоа се освоени 26 727 гласови. Пред неа по број на освоени гласови се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Вреди.