Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее

Соопштение на СДСМ

 

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека ќе воведе нов, фер модел за пресметка на комуналниот надоместок. Станува збор за наплата по создаден отпад, наместо по квадратен метар станбен простор.

„Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Законската можност постои, но никој досега не ја применил. Ние ќе го направиме тоа, ќе воведеме наплата по создаден отпад, не по квадратен метар. Тоа е праведно, логично и мотивира за селекција”, изјави Шукова.

Таа потсети дека ваквиот принцип е веќе предвиден со Законот за управување со отпад, но досега ниту една општина не се осмелила да го примени поради недостаток на функционален систем.

 

„За да воведете ваков модел, мора прво да обезбедите систем што функционира, опрема за селекција, камиони за различни видови отпад и центри за рециклажа. Кога граѓанинот ќе види дека институциите навистина ја завршуваат својата работа, тогаш е фер да плаќа колку што создава”, додаде таа.

Шукова најави дека новиот систем ќе се воведува постепено, со пилот-зони во Аеродром, Карпош и Центар, каде ќе се тестираат специјализирани камиони со мерење на количината отпад и дигитален систем за следење на собирањето.

„Ова не е казнен систем, туку систем што мотивира и создава ред. Сакаме граѓаните да видат дека селектираниот отпад навистина оди на рециклажа, дека количината се намалува и дека сите плаќаме по фер основ. Тоа е европски и чесен пристап”, порача Шукова.

https://www.youtube.com/watch?v=5UKLj_yCP24

Back to top button
Close