Шукова: Системска поддршка за жените и семејствата, прифатилишта и родово одговорно буџетирање за еднакво Скопје

Ландидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, оствари средба со НСРР, предводен од претседателката Савка Тодоровска, како и со членките на мрежата на НСРР.

Средбата помина во конструктивна атмосфера исполнета со идеи и искуства, каде во фокусот беа предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во градот. Шукова истакна дека Скопје има огромен човечки потенцијал, особено во жените кои секојдневно придонесуваат во јавниот, економскиот и општествениот живот на градот

„Жените во нашиот град имаат исклучителни капацитети, знаење, храброст и одговорност за извршување на јавни функции. Како градоначалничка ќе се залагам за системска поддршка на жените и семејствата преку обезбедување сервиси за семејства, прифатилишта за жени жртви на семејно насилство и воведување родово одговорно буџетирање како приоритет. Само град што се грижи подеднакво за сите е град што напредува,” изјави Шукова.

Средбата заврши со заедничка согласност дека Скопје има потреба од поинклузивни и солидарни политики град каде секој глас се слуша, а секоја жена има можност да придонесе и да успее

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close