Шукова: Здравјето на луѓето е во ризик, СДСМ бара кривична одговорност за еколошката катастрофа на Крива Река
За еколошка катастрофа со излевање на отрови, тешки метали и цијанид во Крива Река мора да има кривична одговорност.
Се работи за институционални пропусти кои довеле до директна закана по здравјето и животот на граѓаните.
Земјоделски површини, бунари, води по теченијата на Крива Река, Пчиња, Вардар се загрозени. Прашањето е: колку граѓаните се изложени на контаминирана храна опасна по здравјето?
Сите пазари во Скопје, Куманово, Велес, Паланка – се снабдуваат со производи кои се наводнуваат токму од овие води.
Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност. Екоцидот е кривично дело согласно македонските закони.
Односот и непостапувањето на државните институции е катастрофален и мора да има одговорност.
Инспекторатот за животна средина затаил, ја минимизирал хаваријата со тврдења дека се излеала „само вода“.
Нашите последни информации кои ги проверуваме говорат дека директорката на Инспекторатот за животна средина можеби не ги исполнувала ниту условите за 6 години работно искуство за што бараме одговори.
Дали кога била назначена ги исполнувала законските услови или не?
Целиот систем е погрешен и наместо да работи во заштита на граѓаните системот ги штити бизнисите на блиските до ДПМНЕ ризикувајќи го здравјето на луѓето.
Тони Тоневски, директорот на Булмак е истакнат партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник од нивните редови.
Уште посрамно – наместо да бара одговорност, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Емил Спасовски, ја го напаѓаше градоначалникот кој единствено што направи – беше да ја објави вистината.
Очигледно ДПМНЕ свесно го штити рудникот Булмак 2016 и дозволено ми е да прави што сака.
СДСМ бара:
-Темелна, независна и итна истрага со утврдување на кривична одговорност.
-Комплетно испитување на водите во Крива Река, Пчиња и Вардар.
-Јавно објавување на сите инспекциски извештаи за рудникот Тораница.
-Оставка на пратеникот Емил Спасовски кој свесно ширеше дезинформации.
-Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016 поради сериозни и повторени прекршувања.
Ова не е локален проблем. Ова е прашање на јавна безбедност и здравје. Ова е аларм за целата држава.
Или ќе има правда, или ќе има соучесништво. Средина нема.
Линк до видео: https://youtu.be/Rn0Pd1gaAng