Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина целосна трансформација во современ, едукативен и хуман јавен простор, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.
„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови“, изјави Шукова.
Шукова истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на потребите и потенцијалот што оваа институција го има. Дел од живеалиштата се дотраени, едукативната функција не е доволно развиена, а зеленилото не е соодветно одржувано, хигиената пак е на загрижувачко ниво.
Шукова најави, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет. Засилување на зеленилото и инвестиции во чисти, одржливи извори на енергија, Според Шукова, Зоолошката градинатреба да биде на ниво на современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ