Швајцарија ги укинува речиси сите мерки против Ковид-19

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада.

До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата.

Укинувањето на мерките ќе стапи во сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата.

– Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен, и покрај сѐ уште високото ниво на циркулација на вируси, се вели во владиното соопштение.

Повеќе од 90 отсто од швајцарските граѓани стекнале имунитет од коронавирусот, бидејќи или го прележале или биле вакцинирани против оваа инфекција, изјавија официјални лица

Back to top button
Close