Швајцарија избра американски Ф-35, наместо француските „Рафали“, Макрон ја откажа посетата на неговиот швајцарски колега

epa09298541 France’s President Emmanuel Macron addresses media representatives as he arrives on the first day of a European Union (EU) summit at the European Council Building in Brussels, Belgium, 24 June 2021. EU leaders meet in Brussels for two days to discuss COVID-19, economic recovery, migration and external relations. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на Швајцарската конфедерација, откриваат швајцарските медиуми. Во прашање е изборот на Швајцарија направен во јуни да купи американски авиони за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“, јави дописникот на МИА.

Според денешните неделни изданија на швајцарските медиуми, Ги Пармелин, претседателот на Швајцарската конфедерација, нема да допатува во Париз во ноември на официјална посета на Елисејската палата. Тие сметаат дека тоа е одмаздата на Париз кон Берн.

Откажувањето на оваа посета на Франција, според нив, е поврзано со изборот во јуни од страна на Швајцарија на американски авиони Ф-35 на штета на францускиот ловец „Рафал“, за да ја обнови својата воена флота. Франција ја откажа посетата закажана во Париз меѓу претседателите Ги Пармелин и Емануел Макрон, пренесуваат швајцарските весници „Ле Матин Диманш“ и „СонтагЗајтунг“.

Според швајцарските медиуми, посетата била закажана пред шест месеци. Швајцарската Влада го минимизира ваквиот потег, велејќи дека „посетата не била целосно договорена, и не станува збор за откажување на потврден состанок“, пренесува швајцарската РТС.

Последната посета на претседател на Швајцарската конфедерација на Франција била во септември 2018 година.

Соопштението доаѓа во момент кога Франција е во дипломатска криза со Австралија. Канбера одлучи да се повлече од договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (56 милијарди евра) за купување француски подморници во корист на американски бродови на нуклеарен погон.

Back to top button
Close