Швајцарската полиција отстранува луѓе од пред Парламентот (видео)

 

Швајцарската полиција почна да ги отстранува демонстрантите кои бараат дополнителен одговор на климатските промени од плоштадот недалеку од зградата на Парламентот во Берн.

Демонстрантите таму поставија шатори и одбиваат да ја почитуваат наредбата на градските власти да ја напуштат областа.

Швајцарската телевизија СРФ објави снимка на која се гледа како полицијата одведува демонстранти од плоштадот.

Отстранувањето на демонстрантите ќе трае неколку часа, бидејќи некои од нив се врзани за разни предмети, вклучувајќи велосипеди и челични огради, поради што пожарникарите мораа да користат алати за сечење.

Демонстрантите, кои се од разни групи, поставија шатори во центарот на Берн за да го свртат вниманието на Швајцарија да направи повеќе за да ги намали емисиите на штетни гасови и до 2030 година да ги сведе на нула.

Back to top button
Close