Швајцарските здравствени работници започнаа штрајк со глад пред Парламентот поради војната во Газа
Швајцарските здравствени работници денеска започнаа штрајк со глад пред Парламентот поради војната во Појасот Газа, барајќи Берн да заземе покритичен став кон дејствијата на Израел во палестинската енклава.
Швајцарија ги осуди некои израелски дејствија во конфликтот, како што е нападот врз болница минатиот месец, но се воздржа од преземање порешителни чекори што ги бараа демонстрантите, како што се воведување санкции врз Израел или признавање на палестинска држава.
Здравствените работници се пријавија за протест пред Парламентот во парови, носејќи стетоскопи и медицински униформи испрскани со вештачка крв, сменувајќи се на 24 часа за време на септемвриската парламентарна сесија. зш