Шведска препорачува четврта доза вакцина за лицата над 80 години

Шведската здравствена агенција денеска соопшти дека луѓето на возраст од 80 и повеќе години треба да добијат втора засилувачка доза вакцина против коронавирус, или вкупно четири дози вакцина за зајакнување на имунитетот во услови на брзо ширење на варијантата омикрон.

Stadshus (city hall) of Stockholm, Västerbron in the background.

Препораката важи и за лицата кои живеат во домови за стари лица, како и за оние кои живеат дома, но ги посетува стручен кадар кој им помага во секојдневните активности.

Втората бустер доза треба да се администрира не порано од четири месеци по првата засилувачка доза, се вели во соопштението на здравствената агенција.

Шведска забележа рекорден број на нови инфекции претходно оваа година, што се припишува на брзото ширење на омикрон варијантата.

Тамошните власти планираат да ги отстранат ограничувањата и да ги намалат тестирањата веќе овој месец, потпирајќи се на засилувачките дози, како и на фактот дека омикрон предизвикува поблаги симптоми, што го намалува притисокот врз здравствениот систем.

Како засилувачка доза Шведска ги препорачува вакцините на Модерна и Фајзер/БиоНТек.

Back to top button
Close