Шведската премиерка беше на функцијата само неколку часа – попладнево си поднесе оставка

 

Причина е напуштањето на Владата на нејзиниот партнер од Зелените

Новоизбраната шведска премиерка Магдалена Андерсон поднесе оставка само неколку часа по назначувањето, откако нејзиниот коалициски партнер од Зелените ја напушти Владата.

„Реков дека сакам да поднесам оставка како премиерка“,

изјави Андерсон на новинарите на прес-конференција.

 


Сепак, таа не ја отфрли можноста да се обиде како лидер на еднопартиска влада.

Андерсон беше министерка за финансии, а денеска стана и премиер на Шведска, како прва жена на чело на владата. По само неколку часа стигна веста дека поднела оставка на премиерската функција.

Back to top button
Close