Шведскиот премиер поднесе оставка

Лидерската функција во Социјалдемократската партија тој веќе ѝ ја предаде на Магдалена Андерсон, а аналитичарите проценуваат дека таа ќе го наследи Левен и на чело на владата

Редовните парламентарни и локални избори во Шведска ќе се одржат во септември 2022 година

 

Шведскиот премиер Стефан Левен денеска поднесе оставка од таа функција, пренесува агенцијата АФП.

Левен поднесе оставка по седум години како премиер. На крајот на август годинава тој најави дека наскоро ќе ја напушти шведската влада, што сега се оствари.

„Сакам на мојот наследник да му оставам најдобра можна состојба“, истакна тој во август.

Со оставката на Левен започна процесот на избор на нов шеф на владата.

Лидерската функција во Социјалдемократската партија тој веќе ѝ ја предаде на Магдалена Андерсон, а аналитичарите проценуваат дека таа ќе го наследи Левен и на чело на владата.

На Левен на крајот на јуни му беше изгласана недоверба, но неговата влада доби поддршка од малцинствата и тој повторно беше назначен за премиер. Со оваа постапка беа избегнати предвремени избори.

Back to top button
Close