Сиљановска доби честитка од Трамп за Денот на независноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од претседателот на САД, Доналд Трамп, прими честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија-8 Септември. Честитката и ја врачи американската амбасадорка Анџела Агелер во претседателската „Вила Билјана“ во Охрид.

„Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34-годишнината од Денот на независноста. Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување“, напиша Сиљановска на Фејсбук.

Во писмената честитка до Сиљановска, американскиот претседател, меѓу другото, го посочува партнерството меѓу САД и Македонија во изминатите 30 години кое, како што наведува, продолжува да се зајакнува и проширува, со желба за негово унапредување во годината што претстои.

Back to top button
Close