Сиљановска ќе проба да ги одоброволи бугарите. Чека потврда да се сретне со Радев на самитот на Нато во Хаг

Има простор да се изнајде решение за деблокада на евроинтегративниот процес, истакна високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Механизмот ќе се бара на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, за каде премиерот Христијан Мицкоски очекува да се организира средба со бугарските власти, на која ќе бидат присутни и челниците на ЕУ – Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта. На Самитот од македонска страна ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Средбата била првпат спомената меѓу Сиљановска и Кошта и сега се чека одговор од официјална Софија.

Ние сакаме Северна Македонија навистина да продолжи на овој пат и знаеме дека постојат пречки и ние разговаравме за нив, за да се најде механизам да се надминат овие пречки.“, порача Каја Калас.

„Кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, тогаш е добро да се разговара. Ние веднаш тоа го прифативме. Не знам каков е одговорот од Бугарија, но ние тоа го прифативме и денеска повторно тоа заедно со г-ѓата Каја Калас разговаравме на таа тема и апсолутно ја потврдивме нашата определба.“, порача Христијан Мицкоски.

Високата претставничка Калас истакна и дека неинтегрирањето на регионот во Унијата може да биде безбедносно прашање, на што делумно се согласи и премиерот.

„Има сили во регионот коишто сакат да рефлектираат нестабилност и затоа кога ќе имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок тоа би било многу добро, да се слушне… На крајот на денот ние сите треба да седнеме и да ги слушнеме аргументите, можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи коишто не сме ги знаеле. На пример, каде исчезнаа двесте илјади Македонци во западна Бугарија?“, вели Христијан Мицкоски.

 

Според Калас, засега се уште се работи на деблокада на процесот преку прифаѓањето на уставните измени.

 

„Ние се уште имаме надеж дека планот А ќе проработи и на тоа работиме. Ако не, тогаш ќе преминеме во наредни фази.“, вели Каја Калас.

Back to top button
Close