Сиљановска: Недозволиво е луѓе да се пишуваат во друга националност, само да добијат работа

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека недозволиво е луѓе да се пишуваат во друга националност, само за да добијат работа.

„Не може да е занимање да бидете Македонец, Турчин, Ром, Влав и не може, ако треба да имаме соодветна застапеност, да се соочиме со еден феномен луѓето во еден ден, недела или во текот на една година да се декларираат така како што е курентно, зошто – за да бидат примени на работа“, вели Сиљановска Давкова.

Back to top button
Close