Сијарто го пречека Венс: Засилени безбедносни мерки во унгарската престолнина
Аеродромот во Будимпешта ги предупреди Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, допатува денеска во дводневна посета на Унгарија, а на аеродромот во Будимпешта него и неговата сопруга ги пречека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Венс во текот на посетата треба да разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со него да одржи заедничка прес-конференција, но и да учествува на собирот „Ден на унгарско-американското пријателство“, пренесува „Маѓар немзет“. Венс, воочи доаѓањето, им изјави на новинарите дека со нетрпение ја очекува средбата со „пријателот Орбан“.
За време на престојот на американскиот потпретседател во Унгарија ќе дојде до прекини во сообраќајот во Будимпешта и засилени безбедносни мерки кои подразбираат присуство на оклопни возила на улиците, затворени патишта, привремени ограничувања на летовите, борбени авиони во приправност и забрана за паркирање на правците по кои ќе поминува делегацијата, пишува порталот „Индекс“.
Аеродромот во Будимпешта ги предупреди патниците дека поради движењето на делегациите на 7 и 8 април, во сила ќе бидат привремени ограничувања во околината на аеродромот.
Американскиот потпретседател и неговата сопруга ќе бидат под заштита и на Тајната служба, со оглед на тоа што безбедносните служби проценуваат одредени ризици од лица кои останале во земјата по завршувањето на поранешниот режим, како и потенцијални закани од екстремистички ќелии.
Венс и Орбан ќе одржат прес-конференција во 13:20 часот во Кармелитскиот манастир.






