Сијарто: Мирот и стабилноста на Балканот се приоритет за Унгарија

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека мирот и стабилноста на Балканот се приоритет за неговата земја, која е и претседавач со ЕУ.

– Унгарија е земја претседавач со ЕУ, а мирот и стабилноста на Балканот се наш приоритет, изјави Сијарто на прес-конференција во Будимпешта по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој оцени дека „во Европа има лицемерие, бидејќи еден дел од земјите-членки застапуваат различни ставови, имајќи предвид дека земјите од Западен Балкан во просек чекаат 14 години за членство во ЕУ“.

– Ние оценуваме дека тоа е непринципиелен став, потенцира Сијарто, додавајќи оти заканите со санкции или каков било друг вид притисок треба да се остават настрана“.

Тој се осврна и на соработката помеѓу Унгарија и РС.

– Соработката меѓу Унгарија и РС секогаш се заснова на почитување. Економската соработка е значајна и имаме успешна програма за развој на земјоделството. Обезбедивме 26,6 милиони РС за земјоделците, наведе Сијарто.

Претседателот на РС Милорад Додик рече дека ентитетот многу ја цени мирољубивата, отворена, транспарентна и толерантна политика на Унгарија.

– Го цениме фактот што не поддржувате на европскиот пат, но проблемот за нас е што во Босна и Херцеговина не се почитуваат Уставот на БиХ и Дејтонскиот мировен договор и оти има многу интервенционизам, истакна Додик.

Back to top button
Close