Сијарто: Земјите од западна Европа не се свесни за важноста на Западен Балкан

Западен Балкан не смее да се гледа како заден двор на Европа, туку како клучен регион без кој нема напредок ниту во трансатлантската, ниту во европската интеграција, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на безбедносниот форум во Варшава.

Тој синоќа на панел дискусијата за стратегијата на НАТО рече дека не е сигурен дека земјите од Западна Европа се целосно свесни за важноста на безбедноста и стабилноста во регионот, а една од причините може да биде тоа што не знаат доволно за регионот бидејќи географски се далеку од него.

Сијарто рече дека е спорно што ЕУ не постигнала напредок со интеграцијата и дека западните министри честопати се жалат дека земји како Русија, Кина, Турција и Саудиска Арабија се обидуваат да влијаат во регионот.

– Како можеме да го добиеме натпреварот ако не излеземе на терен? Ако ЕУ не може да го интегрира регионот, другите ќе го сторат тоа, наведе министерот. Сијарто го пофали фактот дека НАТО прими три земји од регионот и додаде дека „за жал ЕУ е многу побавна во тој поглед“. Тој, исто така ја нагласи опасноста од миграциски бранови, велејќи дека една од најважните мигрантски рути е низ Западен Балкан.

Back to top button
Close