„Си-ен-ен“: Десетици милиони користени медицински ракавици се увезени во САД

Кеси за ѓубре полни со искористени медицински ракавици, од кои некои се видно извалкани, а некои дури имаат и дамки од крв, го покриваат подот на еден магацин на периферијата на Банкок, Тајланд. Во близина има пластичен сад полн со сина боја и неколку ракавици. Тајландските власти тврдат дека за време на рација извршена во овој објект во декември лани, работници-мигранти се обидувале да ги исчистат и ракавиците повторно да изгледаат како нови.

Вака „Си-ен-ен“ ја почнува сторијата која открива дека во САД завршиле десетици милиони фалсификувани и користени медицински ракавици.

Вакви магацини во Тајланд, продолжува приказната, има многу и тие работат и денес – се обидуваат да заработат од големата побарувачка за нитрилни ракавици која ја наметна пандемијата со коронавирусот. Во овие објекти се пакуваат милиони користени ракавици за извоз во САД, но и во земјите ширум светот.

 

„Повеќемесечно истражување на „Си-ен-ен“ покажа дека во текот на пандемијата со коронавирусот десетици милиони фалсификувани и користени нитрилни ракавици се увезени во САД, врз основа на податоците за увоз и дистрибутерите кои ги увезувале. И тоа е само врвот на ледениот брег – пишува медиумот.

И во САД и во Тајланд во тек се кривични истраги.

Експертите со кои разговарал „Си-ен-ен“ наведуваат дека индустријата е полна со измами и оти огромни количини на производи со лош квалитет доаѓаат на пазарот. И покрај ризикот за здравствените работници и пациентите, наведува медиумот, американските власти мака мачат да се справат со незаконската трговија – делумно тоа се должи и на тоа што регулативите за увоз на заштитна медицинска опрема се привремено суспендирани поради пандемијата.

Во февруари и март годинава, американска компанија испратила и предупредување до две федерални агенции – Царината и Агенцијата за храна и лекови (ФДА), дека од компанија од Тајланд примила пратка полна со ракавици кои се супстандардни и видно извалкани. Но, сепак оваа тајландска компанија успеала на американскиот пазар да испорача уште десетици милиони ракавици во месеците потоа, а дел од пратките пристигнале дури и во јули.

Од ФДА за „Си-ен-ен“ изјавиле дека не може да коментираат за поединечни случаи, но рекле оти преземаат низа чекори за да ги пронајдат и спречат оние кои продаваат неодобрени производи проверувајќи ги медицински производи и на границата и на домашниот.

Повеќе

Back to top button
Close