Си-Ен-Ен: Во САД има двојно повеќе смртни случаи при апсења и во притвор од другите земји

Соединетите Американски Држави имаат двојно повеќе смртни случаи за време апсења и во притвор отколку во Австралија и шест пати повеќе од Велика Британија.

На протестите што последните две недели се одржуваат во САД поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд се укажува на проблемот со полициското насилство врз граѓаните.

„Флојд е само еден од многуте Американци кои страдаат секоја година поради лошите одлуки на американската полиција, а статистиката покажува дека полицијата во САД пука, апси и затвора повеќе луѓе отколку во другите развиени земји“, пренесува Си-Ен-Ен.

Во рамки на групата најнапредни економии во светот, Г-7, САД се издвојуваат во однос на смртниот исход при контакти со полицајците, додека црнците се најпогодени од овој вид насилство.

Според податоците на американскиот Завод за статистика, од јуни 2015 до март 2016 година биле регистрирани 1.348 вакви потенцијални смртни случаи, што би значело во просек 135 смртни случаи месечно или нешто повеќе од четири дневно.

За граѓаните на САД поголема е веројатноста дека ќе бидат уапсени или приведени од нивните врсници ширум светот.

Во Соединетите Американски Држави во 2018 година се уапсени 10.310.960 лица или секој 32-ри граѓанин, а црнците сочинуваат третина од американската затворска популација и покрај тоа што се само една осмина од вкупното население во земјата.

Back to top button
Close