Си Ен Ен: Воената хунта во Мјанмар го укина Интернетот и приведува новинари

 Владејачката воена хунта во Мјанмар ги укина сите Интернет услуги до ново известување, што претставува обид да се стават под контрола комуникацијата и пораките во земјата, јави Си Ен Ен.

Демонстрантите кои секојдневно протестираат против воениот удар од 1 февруари користат Интернет за да ги организираат своите собири, а во петокот повеќето граѓани на Мјанмар останаа без пристап до Интернет откако телекомуникациските компании добија упатства од Министерството за транспорт и врски да ги запрат безжичните интернет услуги .

Си Ен Ен наведува дека извештаите на ООН покажуваат дека паралелно со запирање на протокот на информации, безбедносните сили во Мјанмар привеле десетици новинари, како и граѓани кои разговарале со медиумите.

Хјуман рајтс воч во петокот соопшти дека стотици луѓе, политичари, избрани службеници, новинари, активисти и демонстранти исчезнаа за време на военото владеење од 1 февруари.

Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), со седиште во Тајланд, наведува дека најмалку 543 лица биле убиени во насилствата врз демонстрантите против воениот удар во Мјанмар, пренесува Си Ен Ен.

Back to top button
Close