Сибиха: Предлогот на Путин за средба со Зеленски во Москва е неприфатлив за Украина

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха предлогот на рускиот претседател за средба со украинскиот колега во Москва го оцени како неприфатлив.

Тој наведе дека најмалку седум држави, меѓу кои Австрија, Ватикан и Швајцарија, како и три земји од Персискиот Залив се подготвени да бидат домаќин на евентуалната средба помеѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

– Тоа се сериозни предлози и претседателот Зеленски е подготвен за таков состанок во секое време. Путин сепак продолжува да им се потсмева на сите со намерно давање неприфатливи предлози, објави Сибиха на Икс.

Претходно, Путин од Пекинг изјави дека изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски.

– Подготвен сум да се сретнам со него. Но, дали има смисла да се сретнам, посочи Путин.

Тој постави и услов за средбата со претседателот на Украина.

– Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него, посочи Путин.

Back to top button
Close