Сибиха: Путин ја загрозува слободната пловидба во Црно Море

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска изјави дека коментарите на рускиот претседател Владимир Путин покажуваат дека Русија ја загрозува слободната пловидба во Црно Море и оти не е подготвена да стави крај на војната против Украина.

– Втор ден по ред, Путин дава изјави што покажуваат дека нема планови да ја заврши војната. Вчера рече дека е подготвен да се бори во зима. Денеска се заканува на морските пристаништа и слободата на пловидба, објави Сибиха на платформата Икс.

Претходно, Путин изјави дека Москва не сака војна со европските земји, но дека, доколку Европа посака конфликт, Русија е веднаш подготвена за борба.

Back to top button
Close