Сигурен или (стресен и контролиран) град. Или „за кучето кое во други околности ќе го убиеја
Неколку недели сме под „надзор“ на Сигурен град и ги воочуваме првите последици од неговото „остварување“ врз граѓаните. Настрана еуфоричните изјави на министерот за внатрешни егзалтиран од казните, парите во буџетот (голем дел за банални пречекорувања на брзините со никакви последици по безбедноста на сообраќајот или „спасувањето животи“, за неколкуминутно застанување (кое во урбаните средни е некогаш неопходно и безопасно).
За психолошкиот стрес и социолошките последици од стресот да се вози под камери и да се соочува со бројни груби и прости цајкани кој го чуствуваме сите, е настанот подолу.
„НЕЕЕЕ НЕ ЈА КРЕВАЈ во колата има куче“ врескав прилично испаничено додека трчав накај автомобилот кој пред минута-две го оставив со трепкачи за набрзина нешто да купам.
„Не го видовме кучето“ и „Не видовме куче“ хорски договорија двајцата.
Молам?
Како не видовте куче?
Како успеавте сред бел ден (некаде околу 10 наутро на Партизанска) на пола метар од сопствениот нос да не видите куче од над 30 кила? Да беше лето и да креневте возило во кое не знаете дека има куче, нечие куче ќе добиеше топлотен удар и ќе колабираше уште по пат накај депото на Пајак службата? Како ебено смеете да не видите дека во возилото има куче? Двајца, при четири очи и со нормална деловна способност?
Казната за погрешно застанување е ок, таа си ја платив.
Непрофесионалноста и неспособноста на вработените во Пајак беше доказ како се настаните сите вицови за полициските службеници и сл. Вработените во пајак не покажаа никаков однос кон евенталниот ризик и катастрофа што нивната немарност би ја предизвикала. Конечно, тоа кон кое пристапија со таква немарност и непрофесионалност е за некого член на семејството.
Се обидеа да се извлечат на друг закон според кој „кучето мора да е во бокс“?
Никакво „извинете“ (што со истиов гест во јули/август веројатно ќе ви го убиевме кучето) туку логичка грешка според која доколку кучето било во бокс, замислете, би го виделе.
Подолу фотографија која илустрира колкав пес, тежок скоро колку новородено теле, господата од Пајак успеаа да превидат.

Дополнително иритантен беше нивнот обид да се извлечат со закон чија цел е единствено и само да глоби. Лошо осмислен и во пракса неприменлив. Бокс за куче над 20 кила е невозможно да се смести во поголем дел од обичните автомобили кои се возат низ град. Ви треба теренско возило или евентуално караван. Единствено разумно решение е куче да не биде на совозачко седиште за да не дојде во допир со менувач волан и шал табла блаблабла….и да предзвика некаква несреќа. Се друго кое го држи на физичка дистанца е ок.
Веројатно мислат дека парите растат на дрво и секој и со овие плати може да го полни нивниот Буџет). Taка, познаник беше казнет цели 300 евра бидејќи возел два шнауцера кое не биле сместени во бокс за кучиња. Што значи ова за еуфоричниот министер и простачкото однесување на подивените полицајци? Дека секое мое излегување ќе ме казнуваат со по 300 евра?
Или ке бидам оставена на милост арогантните полицајци од позиција на моќ да оценуваат дал да ме казнат или да поминам со пригоден муабет?
Алооо, кој во Скопје има кафези на задно седиште за возење кучиња?
ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ КОЕ БАРА КУЧЕ ДА БИДЕ ВО БОКС Е ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ КОЕ СЕ ОДРЖУВА БИДЕЈЌИ ПОРАДИ СВОЈАТА ТЕХНИЧКА НЕПРИМЕНЛИВОСТ Е НЕМОЖНО ДА НЕ СЕ ПРЕКРШИ И НА ОСНОВА НА ТОА СЕ СОБРААТ ПАРИ „КО АЛВА“.
Тоа се лесни и срамно заработени пари.
Во контекст на горенаведеното ќе се придружам на листата подржувачи на иницијатавата пред Уставниот суд за укинување на овој закон, која како што разбрав ја подготвуваат експерти и професори по две основи – немање ефикасна и остварлива жалбена постапка по казните изречени со овој закон (Уставот предвидува право на ефикасна жалба ) и забрана на неовластено снимање на лица кои во својата приватност внатре во возилата се снимаат со камерите на Сигурен Грда (иако на записниците кои ни ги праќаат сликите на возачите се замаглени, полицијата има увид во претходните назамаглени фотографии на возачите). Тоа е неуставно и незаконско прекршување на правото на приватност со неовластено снимање .
Толку од мене.
Фала многу, пријатно.
Лени Фрчкоска






