„Сигурен сум дека ако ние самите се грижиме за хигиената, Центар нема да биде во ваква состојба“, вели Герасимовски

Општината Центар, како и другите општини во Скопје се соочуваат со хаос околу хигиената. Секојдневни се сликите од неисчистен смет, контејнери преполни со ѓубре.

На оваа тема зборуваше актуелниот градоначалник на Центар, кој е кандидат за уште еден мандат Горан Герасимовски во „Клик Плус“.

„Познато е дека контејнерите се под ингеренција на Градот, и гледаме како се чистат. Навистина е хаос, и затоа ние го зголемивме бројот на механизација. Како што е познато, ги побаравме ингеренциите од Град Скопје, односно ние да се грижиме за хигиената. Сметката за смет да се плаќа кон општината, и сигурен сум дека условите нема да бидат вакви. Тоа е неколку пати побарано“, изјави Герасимовски.

 

 

Back to top button
Close