„Силјан“ конечно „слетува“ на црвен килим во Скопје

После американската премиера во Њујорк, како и британската во Лондон, „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска ќе ја доживее својата свечена премиера во Скопје. На 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело.
МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кино промоција, каде ќе биде присутна целата филмска екипа на „Силјан“која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите кои ги пронижа на сите меѓународни релевантни фестиваликако и откупувањето на филмот од страна на National Geographic.
Светските критичари рекоа: „триумф”,„апсолутен шармер”, „импресивно дело”,„прекрасна инежна меланхолија деликатно поврзано со екосистемот, кој е предизвикан од притисокот на модерниот живот во Македонија”, и тоа се само дел од епитетите кои ги напишаа светските филмски критичари.
„Приказната за Силјан” е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.
Извор: nezavisen.mk






