Силјаноска- Давкова: Заштита на човековата средина е приоритет, се обврзуваме за еколошки градови и намалување на загаденоста

 Носителката на Изборна единица 1 Гордана Силјаноска – Давкова од пред спортската сала „Борис Трајковски“ во населба Карпош денеска порача дека ќе се залага за заштита на една од темелните вредности, а тоа е заштита на човековата средина.

Силјаноска – Давкова истакна дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ сериозно се залагаат за еко држава со огромен број проекти кои ќе бидат со сигурност реализирани.

– За да зборуваме за еко планета ние прво треба да создадеме еко град, еко држава, па тогаш ќе имаме право да бидеме дел на еко платената. За жал далеку сме од тоа, но мислам дека добро граѓаните треба деновиве да погледаат што се случува зад нас. Зошто? Зошто јас сум уверена дека набрзо оваа депонија ќе ја нема, а зад неа ќе се вратат прекрасните слики од моето детство на шумата крај Вардар, рече Силјаноска – Давкова.

Таа потенцираше дека ВМРО- ДПМНЕ е одговорна партија и партија која го слуша гласот на народот и граѓаните, оти скоро сите идеи и сугестии се инкорпорирани во самата програма воедно и оние за заштита на човековата средина.

– Не можам, а да не кажам дека овие барања и предлози се веќе вградени во програмата „Обнова за Македонија“ на ВМРО- ДПМНЕ. Значи доаѓа еко времето, доаѓа свеста дека ние сме дел од природата и дека природата е постара од нас и дека мора да живееме во хармонија со неа оти пукајќи по неа си пукаме себеси, појасни Силјаноска – Давкова.

Back to top button
Close