Силјановска Давкова до Османи:„Нека дојде на дуел, па да видиме кого ќе го сертифицираат“

Кандидатката за претседателка на Македонија проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова му одговори на нејзиниот противкандидат Бујар Османи, по неговиот вчерашен повик за дуел.

„Ако е ова една модерна колонија, еден протекторат, во кој што е важен сертификатот однадвор, што би рекол еден медицински политичар или политички лекар, кој за себе мисли дека е европски претседател. Такво нешто не постои. Па, сега слушам и тој фрлил ракавица и ме предизвикува на двобој. Човекот нема поим за тоа што зборува. Замислете што му е најважно? Сертифицирани да биле политичарите. А, кој го дава сертификатот? Вие, граѓаните, народот! Е, па, да видиме дали ќе добие сертификат. Нека дојде на дуел со сите кандидати, па да видиме кого ќе го сертифицираат во предиграта, во премиерата, па за да знаеме што ќе се случува во вториот дел од политичката игра“ рече Силјановска Давкова.

Претходно Османи ја покани противкандидатката Силјановска Давкова на тв дуел, каде ќе ги споредат своите визии за Македонија.

Back to top button
Close